More

    Гвардиола го одби Нејмар

    spot_img

    Штом се појави веста дека играчот на Пари Сен Жермен, Нејмар му бил понуден на Манчестер Сити, менаџерот на англискиот клуб Пеп Гвардиола веднаш побрза да го демантира неговото доаѓање.

    „Жал ми е што морам да ве демантирам, но тие информации не се точни. Нејмар е неверојатен фудбалер и според она што го слушнав тој е одлично момче, но не е во ред што преговараме за неговото доаѓање. Според пишувањата на медиумите, Сити сака да купува по 150 играчи секое лето“, изјави Гвардиола.

    Англиските медиуми сепак додаваат дека токму Гвардиола се спротивставил на доаѓањето на Нејмар бидејќи не го гледа во својот тим.

    Не е сигурно дека Бразилецот ќе остане во Париз ова лето бидејќи клубот на секој начин се обидува да се ослободи од него и од неговите преголеми приходи. Особено сега кога Килијан Мбапе потпиша нов прекрасен договор. Сепак, се поставува прашањето дали Нејмар во моментов му е потребен на друг клуб кој може да го финансира неговото доаѓање и астрономските приходи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img