More

    „Гаспром“ ги намали испораките на гас за Франција

    spot_img

    Француската енергетска компанија „Енџи“ (Engie) денеска соопшти дека добила известување од рускиот гигант „Гаспром“ за дополнителни и моментални намалувања во испораките на гас „поради несогласувања меѓу страните за спроведување на договорот“. Испораките руски гас за француската компанија веќе значително опаднаа од почетокот на конфликтот во Украина, неодамна на само 1,5 терават час месечно.

    Француската компанија потсети дека веќе вовела мерки со цел да може да ги снабдува своите купувачи, дури и во случај „Гаспром“ целосно да ја прекине испораката.

    Резервите гас во Франција го надминаа прагот од 90 отсто резерви за зимата – 91,47 отсто изутринава, а целта е 100 до ноември.

    По санкциите воведени од западните земји против Москва поради тоа што ја нападна Украина, Русија неколкупати ја намалуваше испораката на гас за Европа, која од неа зависи во голем степен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img