More

    Гасифицирање на касарните, реновирање според стандардите за енергетска ефикасност и препораките на МЖСПП

    spot_img

    Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска го претстави планот на Министерството за одбрана за повисоки еколошки стандарди во одбраната наречен „ЕКО одбрана“, којшто ќе се спроведува преку четири столба.

    – Заштита на животната средина и справувањето со предизвиците од климатските промени се меѓу главните приоритети и на Владата, но се дел и од агендата НАТО 20-30 каде зачувувањето на животната средина се смета за безбедносно прашање од највисок приоритет. Ова се обврски кои мора да се преземат без одлагање, да се испланираат и да се спроведат конкретни мерки за намалување на загадувањето и ние тоа го правиме – истакна министерката Петровска.

    Таа информираше дека планот за ЕКО одбрана ќе се спроведува преку четири столба.

    – Првиот столб е пренамена на затоплувањето од користење на загадувачки со незагадувачки енергенси. Покрај касарната „Илинден“ која е гасифицирана, во касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Боро Менков“ во Куманово целосно е завршена потребната инсталација и наскоро двете касарни ќе бидат поврзани со гасовод. Касарната „Гоце Делчев“ која е во Скопје е веќе приклучена на скопската дистрибутивна мрежа, а во моментов се работи и на приклучување и на последниот објект од оваа касарна – рече Петровска и додаде дека со пренамената на затоплувањето од користење на загадувачки во незагадувачки енергенс, количината на јаглерод диоксид од армиските касарни ќе се скрати за речиси половина.

    Вториот столб е изградба на фотоволтаичните електрани на објектите низ касарните во државата со план тоа да се заврши до 2024 година, со кој Армијата своите потреби за струја ќе ги покрива исклучиво од ова сопствено производство.

    Од друга страна, министерката потенцираше дека заштедата на средства наменети за електрична енергија по инсталација на фотоволтаичните електрани се проценети на ниво од над милион евра годишно.

    – Третиот столб или приоритет кој веќе е во фаза на имплементација е зголемување на енергетската ефикасност на објектите на Армијата. Целосно засега се реновирани пет големи објекти по стандардите за енергетска ефикасност што значи заштеда на струја и на топлинска енергија. Во фаза на целосна реконструкција се седум објекти исто така од голем обем, а за 2023 година е планирана реконструкција на најмалку пет објекти низ сите касарни и за сите единици на Армијата – кажа Петровска.

    За четвртиот столб, таа рече дека е столбот на кој се потпира ЕКО одбраната со континуирано следење на влијанието на армиските активности врз животната средина.

    Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, пак, истакна дека изработката на Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната 2022-2024 година, од аспект на животна средина обезбедува извонреден механизам не само за постигнување на повисоките еколошки стандарди што ги бара ЕУ и НАТО интеграцијата, туку исполнување и на програмските цели на Владата и потребите на сопственото население за здрава животна средина и  зелен и одржлив социо-економски развој.

    – Со овој Еко-план, од аспект на животна средина МО придонесува кон две важни определби – се постигнуваат поставените национални цели за подобрување на квалитетот на воздухот и се реализираат амбициозните национални цели за намалување на климатските промени за што како држава сме обврзани со Договорот од Париз и Ревидираните национали придонеси за намалување на нето емисиите стакленички гасови за 82 проценти до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година – рече Нуредини.

    Во однос на реализација на мерките, Нуредини потсети дека програмата за подобрување на квалитетот на воздухот има видно подобрување на квалитет на воздухот во последните неколку години.

    Тој рече дека според последната Студија за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје изработена од страна на Штипскиот универзитет од страна на научната фела потврдено е дека Владата делува на изворите на аерозагадувањето, а истото го прават и дел од општините– доделени се низа субвенции од различни институции и на различни нивоа за замена на нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти.

    И за домаќинствата, додаде дека исто така доделени се средстава и за подобрување на енергетската ефикасност и во индивидуалните домаќинства и во јавните институции, инвестирано е во зголемување на урбаното зеленило и сл.

    – МЖСПП во изминативе две години комплетно го стави во функција Државниот мониторинг систем и го зголеми бројот на мерните станици на 21, од кои 2 мерни станици во Берово и во Прилеп што се ставија во функција на почетокот на годината, за прв пат се комплетно финансирани со сопствни средства преку Буџетот на МЖСПП – нагласи Нуредини, и додаде дека МЖСПП ја има подобрено законската регулатива со што се предвидени поголеми ингеренции но и обврски од страна на единиците на локалната самоуправа во областа, како и зголемување на санкциите за загадувачите.

    Професорот од Електротехничкиот факултет при Штипскиот универзитет, Драган Миновски информираше дека можноста за инсталирање на фотоволтаични електрани е некаде на ниво од околу 10,3 мегавати инсталирана моќност што е на рангот на сега пуштената нова фотоволтаична електрана од страна на АД ЕСМ во термоелектраната „Осломеј“ во Кичево.

    – Оваа инсталирана моќност би придонела за годишно производство на електрична енергија на ниво од некаде 12.800 мегават часови, а вкупната инвестиција се проценува некаде на ниво од околу 6 милиони евра и поврат многу брз во рамките од пет и пол до шест години максимум со сегашните цени и пазарни услови во делот на електричната енергија – истакна Миновски.

    Тој додаде дека овие економски и енергетски бенефити, во моментов со имплементирање на овој проект намалените емисии на СО2 и намалените емисии на штетни гасови во околината ќе се намалат на ниво од над 75 проценти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img