More

    Газпром, сепак, го суспендираше гасот за Полска и Бугарија, потврдија двете земји

    spot_img

    Руската државна енергетска компанија „Газпром“ објави дека целосно ја прекинала испораката на гас за Полска и Бугарија, откако двете земји одбија да го платат горивото во рубли.

    „Газпром“ во соопштението рече дека не добил никакви плаќања од 1 април од Полска и Бугарија и дека ги прекинува испораките до нив од среда.

    Компанијата предупреди дека доколку земат гас наменет за други европски клиенти, испораките во Европа ќе се намалат за таа количина.

    Бугарските власти во март објавија дека немаат намера да го плаќаат рускиот гас во рубли, како што побара рускиот претседател Владимир Путин од сите европски добавувачи на овој извор на енергија.

    Полскиот енергетски оператор PGNiG потврди дека испораката на гас во земјата е прекината.

    Во првите три месеци, PGNiG увезуваше повеќе од половина од својот гас преку Газпром, но Варшава рече дека ќе се „менаџира“ без руски гас и дека може да најде друг извор.

    PGNiG додаде дека неговото подземно складиште за гас е речиси 80 проценти полно, а како што се приближува летото, побарувачката се намалува.

    Бугарија соопшти дека целосно ги платила испораките на гас во април и го обвини Гаспром за прекршување на договорот.

    „Во моментов природниот гас повеќе се користи како политичко и економско оружје во оваа војна“, изјави бугарскиот министер за енергетика Александар Николов.

    Тој додаде дека Бугарија го следи ставот на ЕУ, а тоа е да не одговори на барањето на Русија и да почне да плаќа гас во рубли.

    Соопштението на Газпром доаѓа по утринава збрка, кога податоците од Европската мрежа на оператори со гас покажаа дека испораката на гас за Полска преку Белорусија накратко е прекината, по што продолжи. Бугарскиот државен оператор за гас изјави и дека рускиот гас утрово сè уште тече кон таа земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img