More

    В среда ќе се знае што ќе прави БСП со третиот мандат

    spot_img

    Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова за БНР коментираше дека најверојатно во среда ќе стане јасно што ќе прави нејзината партија со третиот мандат за формирање бугарска влада.

    Како што јави дописникот на МИА од Софија, Нинова најави дека БСП нема да го злоупотреби мандатот, а доколку видат дека нема можност за формирање нова бугарска влада ќе го вратат, но пред тоа до последно ќе се обидат да видат што може да се направи.

    Нинова најави дека утре и во вторник БСП ќе одржи состанок на централните органи на кои ќе се одлучи што ќе прави со третиот мандат.

    Таа беше децидна дека БСП вложи максимални напори да ја подготви програмата за управување за која се согласија сите учесници во преговорите, но една од страните се повлече од процесот, а за тоа колективните тела на нејзината партија треба да одлучат во следните два дена и да решат дали да се продолжат напорите или да се врати мандатот на претседателот Румен Радев.

    По средбата во вторник БСП ќе има средби и со останатите парламентарни партии со кои преговараа за коалициска влада „Демократска Бугарија“ и „Промените продолжуваат“, а веројатно во среда ќе соопштат што ќе прават со третиот мандат.

    Нинова уште додаде и дека БСП сака да формира влада и пристапиле на вистински и одговорен начин со постигнување договор за програмата за управување пред да зборуваат за кадровски назначувања и министерски места.

    Истовремено, пратеникот од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ – Станислав Балабанов, која ги напушти преговорите, искоментира дека неговата партија е против преговорите за формирање нова влада и се изјасни против назначувањето на претходниот министер за внатрешни работи Бојко Рашков за шеф на Антикорупциската комисија на Бугарија, соопштувајќи дека тој не ги извршил потребните реформи во МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img