More

    Вучиќ се огласи на Инстаграм во име на тројката од Западен Балкан

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ информира дека денеска преку видеоконференциска врска разговарал со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама за претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел, нагласувајќи дека одлуката за тоа дали ќе присуствуваат на средбата сите тројца ќе ја објават утре.

    „Се договоривме по консултациите со нашите влади и советници, утре напладне да ја соопштиме одлуката дали ќе присуствуваме на состанокот во Брисел, напиша Вучиќ на својот Инстаграм.

    Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ додаде дека со Рама и со Ковачевски размениле мислења за идните чекори на заедничката иницијатива Отворен Балкан, пред сѐ, за Саемот на вино кој ќе ги собере најдобрите винари од регионот, како и за следната средба на која треба да се разговара „за бројни прашања од интерес на граѓаните од трите земји“.

    „Заедно се бориме за јасна перспектива на Западен Балкан, уште посилна соработка и подобро поврзување, наведе Вучиќ во објавата на Инстаграм.

    И премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека утре ќе се донесе конечна одлука за учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

    „Во пресрет на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, денеска одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама. Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел, објави Ковачевски на Фејсбук.

    Премиерот истакна дека покренале иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот.

    Самитот ЕУ – Западен Балкан, на кој се очекува учество на претставници на ЕУ и на лидерите од земјите од Западниот Балкан, треба да се одржи в четврток во Брисел, пред јунското заседание на Европскиот совет.

    Претходно, Вучиќ изјави дека Србија во текот на јуни нема да отвори ниту едно поглавје во преговорите со ЕУ. Од друга страна, Северна Македонија и Албанија на Самитот на ЕУ очекуваат одлука за старт на пристапните преговори со ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img