More

    Вучиќ: Само нека се зачленат во некоја меѓународна организација

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку започне забрзаниот прием на Косово во меѓународните организации, Србија ќе изненади со својот одговор и ефикасност, јави дописникот на МИА од Белград.

    -Оној ден кога ќе бидат примени во која било меѓународна организација, тоа значи дека го поништиле договорот од Вашингтон и тој ден ќе ги дознаат имињата на неколку земји кои го повлекоа признавањето на независноста на Косово – изјави Вучиќ во Ниш.

    Тој додаде дека поради конфликтот во Украина, многумина ја гледаат глобалната ситуација како можност за решавање на косовското прашање и дека многумина сакаат забрзан прием на Косово во меѓународните организации.

    Тој кажа и дека до Турција не била испратена протестна нота поради најавената поддршка за членство на Косово во НАТО, бидејќи имал закажан телефонски разговор со претседателот на таа земја Реџеп Таип Ердоган кој „појаснил сè, што се пишуваше во медиумите и што направија некои други и затоа донесовме одлука да не упатиме нота“.

    Вучиќ, во врска со притисокот врз Белград да воведе санкции кон Русија поради војната во Украина, изјави дека Србија веќе донела одлука за тоа прашање и дека одлуката е претставена на јавноста.

    -А како и колку е тоа тешко секојдневно – нема да зборувам за тоа и тоа не е работа и грижа за обичните луѓе, бидејќи нема да ги оптоварувам со тоа што е мојата работа… Водењето на државата во такви услови е не е лесна работа – изјави Вучиќ.

    Коментирајќи го конфликтот во Украина и неговите последици за светската економија, Вучиќ рече дека „само се плаши“ од нови вести.

    -Ако се случи да ја санкционираат руската нафта и се чини дека сè оди во таа насока, не знам каде сето тоа ќе заврши – кажа Вучиќ и додаде дека е „јасно“ кој погазил чиј територијален интегритет во Источна Европа, но ја критикуваше и најавата дека универзитетите во Западна Европа повеќе нема да ги проучуваат делата на руските писатели како Достоевски.

    Одлуката за забрана за извоз на пченица од Србија ќе биде донесена утре или задутре, најави Вучиќ, додавајќи дека на мелничарите ќе им биде дозволено да извезуваат брашно уште некое време.

    -Ќе има доволно пченица за граѓаните на Србија, но и за соседите. Цената на пченицата отиде до небеса, во 2020 година чинеше 16 динари, денес е од 42 до 47 динари за килограм – кажа Вучиќ, коментирајќи ги настаните поради конфликтот во Украина.

    Тој посочи дека „има многу проблеми“ и дека не може да се увезува железо и кокс за Железарата во Смедерево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img