More

    Вучиќ откри дека Приштина од ноќеска ќе ги сопира сите со српски лични карти

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија никогаш не била во посложена и потешка ситуација во однос на Косово како што е денес. Тој најави дека властите во Приштина од вечерва на полноќ планираат да ги стопираат сите што имаат српски лични карти на административните премини.

    – Приштина испрати единици со 21 тон гориво на Јариње и Брњак за да ги запрат сите со српски лични карти! Сѐ почнува вечерва на полноќ – рече претседателот, додавајќи дека Приштина сака да ја искористи моменталната ситуација во светот и да привлече жалење со приказната за големиот и малиот Путин во која Албин Курти би се претставил како Зеленски.

    Вучиќ рече дека разговарал со Србите кои живеат таму и кои веќе немаат трпение.

    – Ги замолувам Србите да не наседнуваат на провокации, а Албанците да се вразумат. Ги молам и барам од Албанците да го чуваат мирот. Ги молам да го задржат мирот, но нема предавање! Ако се осмелат Албанците, Србија ќе победи, само тоа имам да кажам – рече Вучиќ, кој порача дека нема да има нов погром, дека такво нешто нема да се повтори.

    Тој додаде дека синоќа, вечерва и утринава имал сериозни разговори со меѓународни претставници, но и потешки разговори со претставници на Србите од Косово и Метохија.

    Вучиќ појасни дека приштинската акција треба да започне вечерва на полноќ, а Србите да се натераат да се откажат од табличките на КМ. Не сакаме конфликти и војна, додаде Вучиќ.

    Тој потсетува дека во 2020 година Приштина доброволно и самоволно трребало да ги укине табличките КС.
    – Што сака Приштина, сакаат да кажат дека нема таблички КС, да кажат – ние сме суверена држава, и затоа ги укинуваме табличките КС и нема да дозволиме таблички КМ, за никој никогаш да не помисли дека има остатоци од некоја друга држава на Косово. Спротивно на сите норми сакаат насилно да го спроведат, затоа водат кампања – изјави Вучиќ.

    Кога станува збор за личните карти, претседателот Вучиќ рече дека се чека во таканаречената точка 3, која своевремено ја потпишале Борко Стефановиќ и Едита Тахири, а потоа се преминало на одлуката на Приштина за укинување на табличките КС (на УНМИК) и се преминало на т.н. РКС таблички, што ебилоспротивно на сѐ што е потпишано и што е директно прекршување на документот во точките 6 и 7, потпишан од Марко Ѓуриќ.

    Направен е документ за сите 206 напади врз Срби, кои се компетентно документирани – од српски градинки и училишта, породилишта, до свети места кои биле опустошени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img