More

    Вучиќ: Не им можат ништо на Русите, па удираат на малата Србија

    spot_img

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ, своето незадоволство од откажаната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јавно го истакна во интервјуто дадено за националната телевизија на неговата земја (РТС).

    – Погледнете ги сите од нашето опкружување, нивните медиуми и политичарите. Во Србија ни пристигнаа повеќе медиуми од не знам кога претходно, чекајќи да нападнат и да ја оцрнат Србија. А што тоа Србија лошо направила? На кого тоа нешто лошо му направивме или нашето одбивање да бидеме дел од глутницата на некого му предузвика главоболка? Тие знаат дека не ѝ можат ништо на Русија и тоа не ги загрижува, па ајде сега да се иѓивуваме врз малата Србија, од Карл Билт до Хрватска – посочи Вучиќ.

    Тој посочи дека со Лавров имал да разговара на многу теми.

    – Како на Србите да им кажете дека Русија нема да биде наш пријател? Ние сакаме да разговараме на голем број на теми, сакав да го прашам Лавров кога ќе го добиеме противпожарниот хеликоптер, за побрзо да ги гаснеме пожарите во целиот регион – додаде тој.

    Вучиќ истакна и дека се радува на најавената посета на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој наредната недела ќе допатува во Белград.

    – Имам многу лошо чувство за приликите во светот, но наше е да се бориме и да ја зачуваме нашата земја и да живееме нормално, колку тоа го дозволуваат приликите, а не само да преживуваме – заклучи српскиот претседател.

    Посетата на Лавров на Белград, беше откажана откако Македонија, Црна Гора и Бугарија не издадоа дозвола за прелет за авионот на рускиот министер, преку нивна територија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img