More

    Вучиќ до американски сенатор за санкциите

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека ќе се изјасни за својот однос кон Москва и Брисел во следните два месеци, соопшти американскиот сенатор Крис Марфи по неодамнешната посета на регионот и разговорите со Вучиќ во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

    Марфи во авторски текст, објавен на порталот „chrismurphyct.medium.com“, наведува дека на средбата со Вучиќ, го прашал дали Србија ќе застане на страна на демократските држави и ќе воведе санкции кон Русија или ќе продолжи да „игра на двете страни“.

    – Јави ми се за 60 дена… Провери дали го направив тоа што ти кажав дека ќе го направам – го цитира Марфи одговорот на Вучиќ.

    Марфи изјави дека со текот на годините „развил врска со моќниот претседател на Србија Александар Вучиќ“ и накратко го раскажа нивниот разговор на 19 април.

    „Често ручаме кога тој доаѓа во Вашингтон. Кога стигнавме во претседателската канцеларија (во Белград), тој срдечно ја поздрави нашата делегација. Ниту (Џејн) Шејхин, ниту (Том) Тилис никогаш се немаа сретнато со Вучиќ, па ја започнав нашата средба со типична, долга серија на дипломатски забелешки за долгото пријателство меѓу нашите два народа. Две минути по мојот воведен монолог Вучиќ ме прекина“, напиша Марфи.

    – Крис, Крис, Крис… премногу добро се познаваме. Престанете со формалностите. Што сакате да знаете? Ќе ви кажам – кажа Вучиќ.

    Додека Марфи одговорил „Во ред, Александар. Сакаме да го знаеме ова, дали ќе застанете покрај демократските нации и ќе ја санкционирате Русија или ќе продолжите да играте на двете страни“.

    Тоа, како што истакнува Марфи „ги вовлекло во долг и искрен разговор за историската желба на Србија, како што велат на Балканот, да седи на две столчиња, едно во Европа и едно во Русија“.

    – Вучиќ со години вешто управуваше со таа рамнотежа, но сега инвазијата врз Украина го натера до точка на одлука. ЕУ, чија членка сака да стане Србија, повеќе нема да го пушта Вучиќ да седи на двете столчиња, тој ќе треба да избере, а ние со часови го туркавме Вучиќ за неколку краткорочни чекори што можеше да ги преземе за вистинскиот избор – кажа американскиот сенатор.

    Тројца американски сенатори ги посетија Приштина, Белград и Сараево за време на четиридневната балканска турнеја.

    Според соопштението од Кабинетот на Вучиќ по разговорите со сенаторите, претседателот на Србија посочил дека „подобрувањето на соработката со САД е еден од надворешнополитичките приоритети на официјален Белград“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img