More

    Во штипско Ново Село светиот крст купен на лицитација за 95.000 денари

    spot_img

    Додека вчера илјадници верници влегоа во ладните води да го фатат светиот крст за кој се верува дека ќе му донесе среќа и благодат на оној кој ќе го фати, во штипско Ново Село крстот се наддаваше на лицитација, а среќниот „фаќач“ за тоа искешира 95.000 денари.

    Поради ваквиот чин за празникот „Богојавление Водици“ утрово има поделено мислење утрово на социјалните мрежи се води околу лицитацијата која се случила вчера.

    Имено на видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како попот среде црквата во Ново Село во Штип го нуди светиот крст на лицитација.

    Крајната цена на крстот достигна 95 илјади денари, а во меѓувреме додека течеше лицитацијата попот тврдеше дека парите им требале за да ги подмират сметките за струја, но не и за нивни лични потреби.

    „Кога материјалноста ја надминува духовноста, тоа не е вистинска вера“, „Господ Исус Христос ги истера трговците од ДВОРОТ на храмот“, „Девојка од нашиот град се бори за живот место 1500 евра да се донираат да и го спасиме животот се натпреваруваат кој повеќе има за крстот да дади ми се гади кој и да сте дно сте“, „НЕЗАМИСЛИВО е од Божјиот Дом да правите пазар!“, се дел од негативните коментари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img