More

    Во Шпанија воздушниот простор е затворен поради очекуваниот пад на остатоците од кинеската ракета

    spot_img

    Шпанија денеска накратко го затвори воздушниот простор над Каталонија и уште три региони поради очекуваниот премин на остатоци од кинеска ракета, соопштија властите.

    Според астрономите, најголемиот дел од кинеската ракета-носач „Long March 5B“, која на 31 октомври го лансираше модулот на кинеската орбитална станица, денеска неконтролирано ќе влезе во атмосферата.

    За потсетување, на Земјата ќе паднат меѓу 5 и 10 тони отпад од ракетен блок тежок 21 тон, а се проценува дека тоа би можело да се случи во 12:20 плус/минус 3 часа.

    „Поради ризикот од минување на вселенскиот објект CZ-5B низ воздушниот простор на Шпанија, летовите се целосно ограничени од 09:38 до 10:18 часот во Каталонија и други области“, соопштија од регионалната служба за итни случаи.

    Европската вселенска агенција соопшти дека остатоците од ракетата најверојатно ќе влезат во атмосферата над средината на Атлантикот и ќе паднат во океанот, но предупреди дека северна Шпанија, Португалија и јужна Италија се на потенцијалниот пат.

    „Статистичката веројатност за влијание врз земјиштето во населените места е мала“, соопштија од оваа служба, додавајќи дека попрецизна прогноза е можна само откако отпадот ќе влезе во атмосферата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img