More

    Во хеликоптерската несреќа во 2014 загинаа 4 пилоти

    spot_img

    Вкупно три и пол години условна казна и еден милион денари парична казна, пресуди струмичкиот суд за хелихоптерската несреќа од 2014 година во која загинаа четворица пилоти на МВР.

    Со одлуката на првостепениот суд на условна казна од две години затвор која нема да се изврши ако во наредните три години не стори ново кривично дело е осудена тогашната директорката на ЈП „Македонска радиодифузија“, Јулијана Спировска, додека техничкиот директор, Драгослав Радески, доби казна од година и пол затвор која нема да се изврши ако во наредните две години не стори ново кривично дело. Со парична казна од еден милион денари е казнето и јавното претпријатие. Обвинетите се гонеа за тешки дела против општата сигурност.

    Според пресудата, тие се товарат за тешки дела против општата сигурност по член 292 во врска со член 288 став два и еден и член 22 од Кривичниот закон. Казнетите се задолжени да ги платат судските трошоци и трошоците на оштетените.

    Обвинителството најави жалба на оваа пресуда, кое ќе се жали на висината на изречената казна, но и осудените на изречената казна за која сметаат дека треба да е ослободителна.

    Хеликоптерската несреќа се случи на 10 јули 2014 година за време на ноќен лет кога хеликоптерот удри во предавател на тогашната „Македонска радиодифузија“. Во несреќата загинаа пилотите на МВР Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img