More

    Во Тихиот Океан завршиле остатоци од кинеската ракета „Long March 5b“ тешка 23 тони, наместо во Шпанија

    spot_img

    Во Тихиот Океан завршиле остатоци од кинеската ракета „Long March 5b“ тешка 23 тони, наместо во Шпанија, која се сметаше за потенцијалната локација, соопшти Вселенската команда на армијата на САД. Шпанија денеска на 40 минути затвори шест од своите аеродроми, а беа издадени предупредувања.

    Кинеската ракета е последното парче од вселенската станица „Тиангонг“ која беше лансирана во понеделникот, за потоа да биде издадено предупредување дека дел ќе се врати на Земјата. Нешто по 11 часот се појавија првите информации дека кинеската ракета е видена како влегува во атмосферата над Мелбурн, Австралија, што било во согласност со предвидената орбита за влез.

     

    Отприлика во тоа време ракетата влегла над атмосферата на Јужниот Пацифик, според Вселенската команда на американската армија.

    Ова не е првпат кинеските ракети да предизвикаат загриженост ширум светот поради нивното неконтролирано враќање. Истото се случило неколку пати досега, што го поттикнало директорот на НАСА јавно да ги повика кинеските власти да преземат одговорност и контролирано да ги спуштаат своите ракети на Земјата.

    Пред да почне неконтролирано да паѓа, ракетата сепак успеала да го испорача модулот до вселенската станица „Тиангонг“ како што било планирано.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img