More

    Во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование

    spot_img

    Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми. Се надева дека тие ќе бидат доставени до училиштата навреме, но, додава доколку се случи да има доцнење Министерството за образование и наука (МОН) има обезбедено печатени соодветни материјали додека учениците ги добијат учебниците.

    Тој појасни дека согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, новите наставни програми се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

    – Од 1 септември ќе има учебници во трето, шесто, седмо, осмо и деветто одделение кои се по стара концепција и мислам дека тие ќе бидат навремено доставени до училиштата. За новата концепција сме во фаза на одобрување и на економски оператор и на некои учебници, но имаме уште 20 дена рок и очекувам и овие да бидат позитивно завршени до почетокот на новата учебна година – рече во гостување во вестите на Сител, министерот Шаќири.

    Согласно Концепцијата за основно образование, освен во печатен, учебниците од четврто и погорните одделенија ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk.

    Во врска со информациите дека учениците уште не добиле сведителства, министерот Шаќири истакна дека нивното обезбедување не е обрска на МОН, туку на Бирото за образование. Сепак вели, според информациите што ги има целата постапка за набавка на сведителства е завршена и оти учениците веќе почнуваат да ги добиваат.

    – Сведителствата не се проблем за Министерството. Повикот за печатење на сведителства и како постапка е во Бирото за развој на образование. Тие во постапката да одберат оператор имаа процес на жалби. Веднаш после информацијата дека децата немаат сведителства јас побарав, веднаш на тие деца кои се запишуваат во средно образование веднаш да им се обезбедат сведителствата, но, исто така знам дека тој проблем е решен во Бирото за развој на образование, и можеби во моментов има доставување на свидителства до основните и средните училишта – рече министерот Шаќири.

    На прашање за дигитализацијата на образовниот процес тој вели дека како министер се залага и е за да има и печатени учебници, но, нагласува тој процес мора да продолжи. Во врска со тоа колку Владата и Министерството се подготени да обезбедат дигитални уреди за децата, Шаќири посочува дека преку проект со Светска банка се врши проектирање во сите основни училишта во делот на актуелната инфраструктура што се однесува за дигитализација и поврзување во неколку мрежи.

    – По добивање на тие проектирања за сите основни училишта ние ќе дознаеме за можностите за имплементирање во инфраструктурата. Освен што работиме во процесот на дигитализација, ние ќе треба да работите и во процесот на дигитализација на инфраструктурата внатре во основните училишта. И ова заедно ќе можеме да го спроведуваме со локалната самоуправа и централната власт. Иако имаме таблет уреди доставени до учениците, до училиштата, една од забелешките беа дека многу училишта и од нашите анализи не се поврзани во мрежа како што треба да бидат достапни – рече министерот Шаќири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img