More

    Во сред војна армијата ќе има воени вежби далеку од Украина

    spot_img

    Русија од крајот на август планира да одржи стратешки воени вежби во источниот дел на земјата, соопшти Министерството за одбрана во Москва, илјадници километри оддалечени од војната во Украина.

    Вежбите „Восток“ (Исток) ќе се одржат од 30 август до 5 септември. Аналитичарите коментираат дека нивната цел е да испратат порака дека Русија, и покрај скапата петмесечна војна во Украина, сепак останува фокусирана на одбрана на целата своја територија и дека е воено способна да функционира нормално.

    Во соопштението, Министерството нагласува дека нивната способност да одржуваат вакви вежби не е засегната од, како што ја нарекуваат, „специјална воена операција“ во Украина. Се наведува дека Русија не откажала никакви активности за обука или меѓународна соработка и оти целиот неопходен персонал, оружје и опрема ќе учествува на вежбите.

    – Ви обрнуваме внимание на фактот дека само дел од вооружените сили на Руската Федерација се вклучени во воената операција во Украина и тоа е доволен број за исполнување на сите задачи поставени од врховниот командант – се вели во соопштението.

    Претстојните вежби ќе се одржат во Источниот воен округ, кој опфаќа делови од Сибир, а седиштето е во Хабаровск во близина на кинеската граница.

    Ќе бидат вклучени и некои странски сили, соопшти руското Министерство за одбрана, но не соопшти точно кои земји. Минатата година воени единици од Ерменија, Казахстан, Киргистан и Монголија учествуваа во големи воени вежби во Русија и Белорусија

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img