More

    Во Србија од денеска е зајакната контролата врз употребата на појасите

    spot_img

    Сообраќајната полиција од денеска до крајот на неделата ќе спроведе акција на засилена контрола на сообраќајот, особено употреба на сигурносни појаси и начинот на превоз на деца во возила, соопшти денеска МВР на Србија.

    Акцијата е дел од кампањата во 30 европски земји кои се членки на Европската сообраќајна полициска мрежа (ROADPOL), а полицијата ќе го контролира користењето на безбедносните појаси на предните и задните седишта, како и возачите кои превезуваат деца без почитување безбедносни прописи.

    Во соопштението од МВР се потсетува дека во текот на минатата година 67 загинати возачи и 40 загинати патници во патнички возила не го користеле безбедносниот појас во моментот на несреќата, додека ниту едно од трите деца кои загинале како сопатници во возилото било превезено на пропишан начин.

    Статистиката покажува дека детето има 2,8 пати поголема веројатност да биде сериозно повредено доколку се превезе надвор од безбедносното седиште или подлогата во возилото.

    Резултатите од најновото истражување спроведено од Агенцијата за безбедност во сообраќајот укажуваат дека процентот на употреба на безбедносни појаси на предните седишта во Република Србија е 84,5 отсто, а на задните седишта само 19,6 отсто.

    Истражувањата покажуваат дека 57,9 отсто од возачите правилно ги превезуваат децата во возилата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img