More

    Во сабота мирно, а од понеделник повторно нестабилно

    spot_img

    Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

    Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 6.

    Во Скопје попладне и во вечерните часови се очекува променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Tемпературата ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека и утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурата на воздухот ќе опадне за 5 до 7 степени.

    Во сабота ќе има стабилизирање на времето, а во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

    Во изминатите 24 часа најмногу дожд, шест литри на квадратен метар, наврна во Дојран, а по еден литар на квадратен метар наврна во Демир Капија, Маврово и во Крушево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img