More

    Во последното деноноќие се заразиле 674 лица, почина 21 лицe

    spot_img

    Корона-бројките во Македонија уште не стивнуваат. Во последното деноноќие се заразиле 674 лица, од кои 352 во главниот град Скопје, јавува Министерството за здравство, а 98 од новите случаи се реинфекции. Бројката се однесува на 3.156 тестови направени во последните 24 часа. За тоа време починале 21, а оздравеле 978 пациенти. Бројот на граѓани кои во моментот се борат со коронавирусот изнесува 5.449, а од почетокот на пандемијата до денеска се заразиле 295.082 лица.

    Распоредот на новозаразените по градови е следниот:

    Скопје – 352, Битола – 44, Велес – 33, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Куманово – 22, Гевгелија – 21, Кичево – 17, Струмица – 16, Тетово и Гостивар – по 12, Охрид – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Штип – 6, Кочани, Струга, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 5, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Крива Паланка, Делчево, Берово, Дебар и Богданци – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.

    Регистрирани сe вкупно 978 оздравени пациенти и тоа: од Скопје – 569, Велес – 53, Куманово – 49, Битола – 47, Кавадарци – 39, Прилеп – 33, Тетово – 26, Гостивар, Струмица и Гевгелија – по 19, Неготино – 18, Кичево – 17, Радовиш – 12, Дебар – 9, Кочани и Ресен – по 8, Штип – 7, Охрид – 5, Кратово – 4, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Виница, Демир Капија и Дојран – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (55г, 66 г, 74 г, 74 г и 78 г), 2 починати лица од Тетово (69г и 78 г) и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (88г), Струга (75г), Битола (85г) и Кочани (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (2), Крива Паланка (3), Битола (1), Тетово (1), Струга (1), и Пробиштип (1). Починатите лица се на возраст од 48 г. до 92 г. Лицата за починати се пријавени во период од 31.01. до 20.02.2022. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

    Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лице се регистрирани коморбидитети.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.878.073 тестирања на ковид-19.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img