More

    Во Охрид за Велигден се очекуваат гости од Србија, Грција, Бугарија и Албанија

    spot_img

    Велигденските и Првомајските празници ќе ги наполнат туристичките центри во земјава. Исполнетоста на сместувачките капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера за претстојниот продолжен викенд е 40 до 50 отсто, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески.

    Дополнително раздвижување на двата крајезерски града ќе овозможат домашните гости, дел сместени кај приватни сместувачи, а поголем дел и во сопствени викенд станови.

    Од организираните гости, за Велигден, според Блажески, најбројни ќе бидат туристите од Бугарија и Грција, а неизостануваат и индивидуалните посети на Срби, Албанци, во мал дел и од земјава.

    – Исполнетоста од 40-50 отсто во хотелските капацитети е незадоволителна бројка. Но сепак нешто почнува. Пред пандемијата, за Велигден сме биле исполнети по 80-90 отсто и сме се радувале на исполнетост – вели Блажески.

    Со оглед на тоа дека Велигден е домашен празник, забележа дека интересот на гостите од земјава не е голем. Според претседателот на ХОТАМ, во туристичкиот сектор има мало раздвижување во однос на семинарите, но значително помалку од годините пред пандемијата.

    – Од надворешните влијанија и војната во Украина, ќе зависи и претстојната туристичка сезона. Ако има сигурност и престанат наглите покачувања на цените на се, народот да осети дека може да потроши пари на одмор, ќе имаме добра туристичка сезона. Исполнетоста на капацитетите во јули и август не се доволни да го извадат туристичкиот сектор за 12 месеци – смета Блажески.

    Забележа и на пролонгираните летови на холандските туристи, кои претходните години почнуваа на почетокот на мај, а сега се одложени за крајот на месецот, што значително го намалува бројот на ноќевања. Пред пандемијата, во мај капацитетите на хотелите биле исполнети по 80, па и 90 отсто.

    Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски е оптимист во однос на претстојниот период, најавувајќи повеќе директни авио летови на Охридскиот аеродром.

    – На охридско-струшката ривиера почнати се кружните патувања на Германски и турски групи. АППТ за 2022 година заедно со туристичкиот сектор ја постави стратегијата со поголема промоција и фокус на регионот и традиционалните пазари, се надевам 2023 година ќе ја надмине 2019 во квантитет, а се надевам и во квалитет на туристи – изјави Јаневски.

    Тој очекува добра туристичка сезона, да ја надмине минатата и да се вратиме на бројките од 2019 година, но, како што рече, за да се постигне тоа треба сите да ги засукаме ракавите и заеднички да работиме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img