More

    Во објектот на Општина Кисела Вода избил пожар поради дефект во застарената електрична инсталација

    spot_img

    Денес, околу 11 часот, во бараката 3 во објектот на Општина Кисела Вода избил пожар поради дефект во застарената електрична инсталација.
    „Пожарот веднаш беше локализиран од вработените и за среќа, освен причинетата незначителна материјална, нема никаква друга штета, ниту пак повредени лица“, соопштија од Општината.

    На самото место пристигнала екипа од Противпожарната бригада и од Полициската станица во Кисела Вода, но немало потреба од дополнителна интервенција.

    Општината ги известува граѓаните дека во моментов во барака 3, во која е сместен Секторот за урбанизам, е прекинато електричното напојување, но се работи на надминување на проблемот. Тие се надеваат дека за кратко време ќе продолжи вообичаената динамика на работниот процес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img