More

    Во населбата Драчево во Општина Кисела Вода во саботата беше означен почетокот на изградбата на крст кој ќе биде втор по големина во Македонија

    spot_img

    Во населбата Драчево во Општина Кисела Вода во саботата беше означен почетокот на изградбата на крст кој ќе биде втор по големина во Македонија, по Милениумскиот на врвот на Водно.

    Ќе биде изграден и ставен во функција за четири месеци во Паркот на бранителите, а ќе биде висок 63,5 метри. Подножјето ќе биде уредено со содржини кои ја карактеризираат Македонската православна црква, а од врвот се ветува ненадминлив поглед на Скопје.

    – Историјата се пишува за големи дела, а ние сме тие кои ги создаваме. Од денес, ова е свето место. Сигурен сум дека оваа локација ќе им биде омилена на нашите жители, дека ќе биде атрактивна дестинација за туристите, и секако, ќе биде значајно одбележје на Драчево, но и на цела Кисела Вода. Пред 20 години, се изгради Милениумскиот крст на Водно. Две декади подоцна време е да го препознаеме и искористиме потенцијалот и на оваа локација – рече Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода.

    Тој се заблагодари на Светскиот македонски конгрес, на компаниите „Факом“ АД и „Дабар“ ДООЕЛ кои се ктитори на овој проект, на г.г. Стефан, и на сите владици и свештени лица кои го осветија камен темелникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img