More

    Во македонското обвинителство недостигаат 100 обвинители, а во нашите судови 140 судии

    spot_img

    Во македонското обвинителство недостигаат 100 обвинители, а во нашите судови 140 судии. Наспроти овие бројки, кои произлегуваат од систематизацијата на работните места во правосудството, Македонија има вишок судии споредено со европскиот просек.

    Овие фрапантни бројки беа соопштени денеска, на свечената церемонија по повод приемот на осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во која во наредните две години ќе се образуваат 97 кандидати за идни обвинители и судии.

    Јавниот обвинител Љубомир Јолевски ги повика да научат да правораздаваат самостојно, независно и неселективно.

    – Правото мора да биде еднакво достапно за сите граѓани, бидејќи селективноста е најголема неправда. Нашата работа мора да биде независна и да се базира на доказите и фактите во постапката – рече тој.

    До крајот на оваа година Академијата ќе „произведе“ 59 подготвени судии и обвинители и ќе можат да почнат со работа. Директорката на Академијата, Наташа Габер Дамјановска, ги отфрли како дискриминаторски наводите дека меѓу нив има и роднини на лица кои сега работат во правосудството.

    – Само ефикасен и независен правосуден систем ќе биде основа граѓаните да имаат поголема доверба во правосудните институции – рече министерот за правда Никола Тупанчески во оваа прилика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img