More

    Во кластерот „Темелни вредности“ сме први во регионот

    spot_img

    Ревизијата на преговарачката структура е во тек и во моментот се прават интензивни меѓу-институционални консултации, изјави денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, потенцирајќи дека очекува до крајот на август да се презентира новата структура, согласно новата методологија.

    Маричиќ во денешното интервју за телевизија Телма појасни дека целта е да се поедностави преговарачката структура во однос на тоа што било усвоено во 2018 година.

    – Структурата да биде поедноставна, пофункционална, затоа што треба за брз рок да даде резултати. Скринингот ќе биде многу интензивен, недела за недела, месец за месец, и некаде до март идната година ќе треба да комплетираме една фаза на Кластерот „Темелни права“, така што на тоа ќе се фокусираме прво – рече вицепремиерот Маричиќ.

    Тој вели дека имаме добра основа и стартна позиција бидејќи во 2018 и 2019 преку 2.000 наши државни службеници и експерти од институциите ги посетиле тие скрининзи и имаат некоја подготовка.

    – Сега сѐ е во наши раце и тоа е добро, не зависиме од која било друга држава и мислам дека ако мудро, умно и одговорно се постави секој пратеник и секоја политичка партија процесот на уставни измени ќе може да се направи до крајот на скринингот – смета вицепремиерот.

    Тој очекува скринингот да трае 16 месеци, што ќе даде доволно простор да се отвори дијалог со политичките партии и со пратениците.

    – Мислам дека треба да се отвори една суштинска дискусија којашто ќе нè одведе и во содржината на уставните измени, којашто мислам дека не е спорна, бидејќи треба да дополниме во Преамбулата и во уште еден амандман, неколку заедници коишто не се спомнати во Уставот, за поддржување на нашите европски интеграции – посочи Маричиќ.

    Тој вели дека сме на исто рамниште или во некои делови и подобри од оние земји кои десет години веќе преговараат.

    – По нашите анализи степенот на усогласеност е некаде околу 45 проценти, што не е малку и е навистина на добро ниво. Постојат области каде што сме на исто рамниште дури и подобри од државите кои преговараат, на пример кластерот „Темелни вредности“, таму сме први во регионот, подобри и од државите кои веќе десет години преговараат. Секако има области, како што е внатрешен пазар, каде што имаме многу работа и каде што допрва треба да се усогласуваме – рече Маричиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img