More

    Во земјотресот беа оштетени и Цитаделата во Алепо и други знаменитости во Сирија

    spot_img

    Тврдината во Алепо и неколку други археолошки локалитети во Сирија се оштетени од земјотресот што ја погоди Турција како и таа земја, а во кој загинаа повеќе од 2.300 луѓе, соопшти Генералниот директорат за антиквитети и музеи.Дирекцијата соопшти дека паднале делови во внатрешноста на тврдината, а делови од одбранбените ѕидини на североисток се распукале и се навалиле.

    Се наведува и дека се урнати големи делови од џамијата во внатрешноста на тврдината, како и влезот на одбранбената кула.

    Во стариот град Алепо на северозападот на Сирија се урнати или испукани неколку станбени објекти кои се наоѓаат покрај тие историски ѕидови.

    Генералниот директорат за антиквитети и музеи на Фејсбук објави слики од оштетени минариња и џамии, фасади и делови од тврдината Алепо.

    Алепо е познат по својата тврдина – средновековен архитектонски скапоцен камен, и по стариот град, кој во 2018 година, по неколкугодишна граѓанска војна, беше вклучен на листата на УНЕСКО за загрозено светско наследство.

    Во провинцијата Хама, во централниот дел на Сирија, археолошки тимови регистрираа некои оштетени објекти во античкиот замок Ал Маркаб во градот Бањас, како и делумно урнати ѕидови и една падната кула.

    Историски фасади беа урнати и во градот Хама.

    Во Камдус, камени блокови паднаа во близина на градскиот замок во провинцијата Тартус, а станбените згради се урнаа во теренот на замокот.

    Дирекцијата продолжува со проценка на штетите и засега нема информации за античкиот град Палмира.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img