More

    Во дипломатијата постои погодно време за решавање на некои не толку значајни прашања,таквото време со Бугарија ќе причека.

    spot_img

    Oдлуката на Владата на Бугарија за повлекување на бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, кој ќе останел надвор од Северна Македонија сè додека, како што рече Софија, не се видливи знаци на промена, претставува само дел од циклусот на постојани притисоци врз Македонија од страна на Бугарија, и тоа не е првпат да биде изведено дипломатско безобразие од бугарска страна.Најголеми помагатели на големо бугарската пропаганда во Македонија ,за жал испаднаа поголем дел од медиумите,кој со своите уредувачки политики , трката по сензационализам и дигање на читаност,поитаа да ги објават сите оние настана ,во кој учесници се „благонадежните“ б’лгарчина од криминалното милиеи, но за оа ќе оставиме историјата да им суди на таквите „бардови“…
    Доколку се погледне од друга страна, ваквиот чекор на бугарската влада, преку министерот за надворешни работи, Николај Милков, воопшто не зачудува откако претседателот на РСМ, Пендаровски, јасно ги обзнани црвените линии на Македонија околу големо-бугарските аспирации на територија на Македонија од страна на бугарскиот европратеник, но и други политички чинители во Бугарија, кои јасно и недвосмислено ја негираат македонската државност и независност.
    За нештата на читателите да им станат појасни, поимот дипломатија се поврзува со формалното посредување во меѓусебното комуницирање помеѓу државите, со одредби и правила што се однесуваат на официјалните органи коишто ги вршат тие работи, како и со вештината во јавното и тајното водење преговори меѓу одделни влади. Преносното значење на овој поим претставува мудро, внимателно и учтиво однесување. Се смета дека поимот дипломатија прв го употребил кардиналот Ришелје кој меѓу 1624 и 1642 година бил поданик на кралот на Франција, Луј XIII. Во меѓународниот јавен промет, поимот дипломатија се одoмаќинил и втемелил дури во почетокот на XIX век, додека претходно во текот на XVII и XVIII век бил само „државничка вештина“ регулирана со обичајното право.
    Современата кодификација на дипломатското и конзуларното право е зацврстена со Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година, Конвенцијата за специјални мисии од 1969 година, Конвенцијата за спречување и казнување кривични дела против лица под меѓународна заштита, вклучувајќи ги и дипломатите од 1973 година, и Виенската конвенција за претставување на државите во нивните односи со меѓународни организации со универзален карактер од 1975 година.

    Факторот време..
    Факторот време е единствен лек за бугарската дипломатска некултура!
    Особено значајна дипломатска вештина е познавање и користење на временскиот фактор. Во дипломатијата постои погодно време за решавање на некои не толку значајни прашања, односно отворени проблеми што се решаваат во време на најдобри пријателски односи помеѓу државите Македонија и Бугарија. Од друга страна, постојат прашања чиешто решавање не трпи одложување или токму поради тоа прашање и постојат заладени пријателски односи помеѓу државите, но во дадениот моментум единствено отворено прашање кое го поставува Бугарија е извесното лице Христијан Пендик(ов) кого бугарската страна сака да го искористи како жртвено ослободително јагне на бугарската несовесност! По правило, во време на заладени односи се решаваат само вакви прашања, сите останати се оставаат за некои подобри времиња. Но, и во вакви ситуации, во прашање е добро избраниот момент, односно времето поврзано со низа други фактори. На пример, не претставува добар момент за решавање некој билатерален спор, ако државата со која треба да се преговара во тој момент има значително силна улога во надворешната политика, во каква ситуација моментално се наоѓа Бугарија, како членка на ЕУ, како ни со држава којашто моментално се наоѓа во тешка политичка или економска ситуација, во каква ситуација повторно се наоѓа Бугарија, каде властите за да ја затскријат својата политичка немоќ пред граѓаните на Бугарија, секојдневно пласираат наметнат спор со Македонија, или бугарската влада се однесува по принципот на Марија Антоанета…
    Советот за безбедност на РСМ на својот последен состанок по изјавата на претседателот Стево Пендаровски, дојде до заклучок на две работи кои на голема врата ја разобличија бугарската политика.
    Првиот факт е сработеното на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање на РСМ, кои според сознанијата кои ги има Охридскај, дошле до класифицирани информации од бугарска страна, од кои јасно увиделе дека дел од бугарските политичари се во дебела платена врска со тајните служби на Руската Федерација, а кои лица се политичари од Бугарија, и треба да извршат поголема дестабилизација во Република Македонија, со можност на исценирање и на инцидент од повисоки размери на 4.2.2023 година во Црквата „Свети Спас“ во Скопје, кој инцидент би се искористил од страна на Бугарија за можно и воено дејствие во РСМ. За потсетување во изминатиов период имавме низа настани поврзани со бугарскиот клуб во Охрид, во кој еден од настаните беше исцениран и со наводни пукотници во стаклата на клубот, но од кога истрагата дојде до балистички сознанија дека некој од членовите сами пукале во излогот на клубот, сѐ се стави под тепих за мир во односите со Бугарија.
    Последниот настан со Христијан Пендиков е само уште еден од оние во циклусот на глупави уцени, но грешката ја направи македонскиот министер Бујар Османи со неговата посета на Пендиков во болницата во Бугарија, а Бугарија истата експресно ја искористи за тоа како Бугари се тепани по патиштата во Македонија, и тоа како Македонците ги стрелале Бугарите со цел искривување на фашистичката историја на Бугарија…
    И не е сѐ така црно, повторно основната дипломатска алатка факторот време, ќе доведе до расчистување на односите со национализмот во Бугарија, но дотогаш македонските полициски служби треба да бидат на висина на задачата и да внимаваат малку повеќе на граничните линии, но и на одредени лица од Македонија, кои за малку пари се спремни да направат ’ршум во државава.

    Сашо Денесовски

    Главен и одоговорен уредник

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img