More

    Во Грција потврдени се вкупно 20 случаи на мајмунски сипаници заклучно со 21 јули 2022 година

    spot_img

    Во Грција потврдени се вкупно 20 случаи на мајмунски сипаници заклучно со 21 јули 2022 година, седум повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

    Потврдените случаи се мажи од 24 до 59 години, односно просечната возраст е 40 години, а 11 од заразените (55 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

    Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

    Исто така додаваат дека во Европа, до 19 јули 2022 година, се регистрирани 10.604 случаи на мајмунски сипаници во 36 различни земји.

    Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img