More

    Во Бугарија нема да се плаќа ДДВ за лебот, а цената ќе остане иста – Владеачката коалиција подготви сет антикризни мерки

    spot_img

    Во Бугарија нема да се плаќа ДДВ за лебот, а цената ќе остане иста, ова е соопштено по состанокот на владеачката коалиција.

    Покрај ова, како антикризна мерка, се најавува и зголемување на пензиите за 20 отсто, а се предвидени и  даночни олеснувања за семејствата со деца и попусти на гориво, вклучително и бензин и дизел.

    Мерките се насочени кон поддршка на бугарските граѓани и бизниси во контекст на кризата предизвикана од војната во Украина.

    Антикризниот пакет предвидува и обесштетување поради високите цени на горивата. Сите граѓани до крајот на годината ќе можат да искористат попуст од 25 левови за бензин 95 и дизел, метан и пропан-бутан. Исто така за период од една година ќе се враќа ДДВ за вино и пиво од 20 отсто.

    Во однос на парното, ДДВ за парно и топла вода се очекува во рок од една година да биде 9 отсто. Ќе се намали и на 9 отсто и  ДДВ за природниот гас за потрошувачите од домаќинствата за период од 1 година.

    Струјата, природниот гас и метанот се ослободени од акциза.

    За поддршка на семејствата со деца во Бугарија, како долгорочна мерка се планира да се зголеми износот на даночни олеснувања за децата од 2.250 евра на 3.000 евра годишно, а ќе се даде можност да се користи на секои три месеци во годината.

    Овој антикризен пакет треба да го усвои коалицискиот совет, а неговата примена почнува од 1 јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img