More

    Во близина на уништените гасоводи во Балтичкото Море се пронајдени траги од експлозив

    spot_img

    Шведскиот обвинител кој ја води истрагата за оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 потврди дека се работи за саботажа и рече дека се пронајдени траги од експлозив.

    Обвинителот Матс Љунгквист рече дека сè внимателно документирале.

    -„За време на истрагата на местото на злосторството што се одржа во Балтичкото Море, беа извршени опсежни операции и областа беше внимателно документирана. Анализата која сега е направена покажува траги од експлозив на неколку пронајдени туѓи предмети. Работата на напредна анализа продолжува за да може да се донесат поцврсти заклучоци за инцидентот“, рече тој.

    Во соопштението до медиумите се наведува дека „прелиминарната истрага е многу сложена и обемна“ и дека работата продолжува. Во соопштението за медиумите не се споменуваат имињата на осомничените. Ја пофалува и соработката на властите во Шведска со оние во другите земји. Завршува со тврдењето дека обвинителот во овој момент не може да даде повеќе информации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img