More

    Во Битола зголемен интерес за доставување пензија преку Пошта

    spot_img

    Во Битола е зголемен интересот на пензионерите пензијата да ја добиваат во својот дом, лично доставена од локалниот поштар, изјави за МИА, Пеце Кондовски, директор на Пошта, подружница-Битола.

    Според Кондовски, новиот позитивен амбиент и враќањето на традицијата поштарот да ја донесе пензијата во домот на пензионерот се должи на желбата да се биде рационален и да не се троши време на чекање во редици во услови на пандемија.

    – Основен мотив да поведеме кампања за зголемување на соработката со пензионерите во Битола, но и во македонските пошти низ цела држава, беше да ја обновиме традицијата локалниот поштар во нивниот дом да ја донесе нивната пензија. На тој начин ќе придонесеме да не се изложуваат на непријатно чекање во редици пред банките, ќе им овозможиме слободното време да го планираат рационално и креативно, директно ќе влијаеме за заштита на нивното здравје и безбедност, и секако навремена и сигурна исплата на пензијата, посочи Кондовски.

    Вработените во битолската Пошта во чија недлежност се 29 единици на поштенска мрежа во општините Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци, подготвени се во детали да им појаснат и ги информираат пензионерите за начинот користење на услугата за доставување пензија во домот на секој пензионер.

    – Максимално сме ангажирани во секој сегмент од поштенското работење да им помогнеме на пензионерите. Нашето секојдневно присуство на терен во урбаните и руралните средини, секојдневните непосредни разговори со пензионерите и информациите кои тие ни ги посочуваат, кај нас го зголемија оптимизмот дека треба нашиот ресурсен потенцијал да го ставиме во функција на пензионерите, да им помогнеме, а ако треба некои и да ги охрабриме, довербата да ја дадат на својот поштар. Пријатно сме изненадени и од новата генерација пензионери кои сакаат да бидат рационални, практични и веднаш се одлучуваат на соработка со нашата Пошта, нагласи Кондовски.

    Со кампањата на поштенските работници за зголемување на бројот не пензионерите што ќе ја користат услугата за доставување на пензијата во својот дом, полека но сигурно се враќаат т.н. златни времиња на Пошта кога скоро секој пензионер по автоматизам се одлучуваше во својот дом да го пречека својот поштар и да ја добие својата пензија, информираа од битолската Подружница на АД Пошта на Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img