More

    Во Белгија запленети над 100 килограми кокаин

    spot_img

    Во меѓународната акција на Обвинителството за организиран криминал, Агенција за безбедност и информирање и Министерството за внатрешни работи, ПУ за град Белград, во координација со странските партнерски служби Европол и Европравда, во заедничка акција во Белгија, запленија над100 килограми наркотична дрога кокаин чија улична вредност е повеќе од 10 милиони евра, се вели во соопштението на МВР.

    Како што се наведува во соопштението, во оваа акција во Холандија се уапсени членови на организирана криминална група, српските државјани Д.Р. (28) и Д.П. (48), кај кои е пронајдено оружје и одредена сума пари за која постои сомнение дека произлегла од извршување на кривични дела, додека во Белгија и Луксембург се уапсени и српските државјани С.К. (36), Ѓ.Д. (32), Ј.В. (33), едно НН лице, како и државјанин на БиХ С.Ѓ. (42).

    На територијата на Белград е уапсен српскиот државјанин В.В. (29), кому му е одредена мерка притвор од 48 часа, кој со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

    Полицијата продолжува со координирана работа за расветлување на сите околности поврзани со дистрибуцијата на споменатиот наркотик и откривање на други членови на споменатата меѓународна организирана криминална група.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img