More

    Војната која Путин ја води Украина конечно ќе го чини повеќе од оној екстра профит кој го добива од нафтата

    spot_img

    Војната која Владимир Путин ја води Украина конечно ќе го чини повеќе од оној екстра профит кој го добива од нафтата, пишува „Фајненшл Тајмс“. Заработката нема да ги покрие расходите. Весникот ги анализира зборовите на рускиот министер за финансии Антоан Силуанов, кој вели дека иако земјата ги зголемила за 10 отсто своите приходи, истовремено троши 26 отсто повеќе за војската, што преведено значи 27 милијарди евра годишно. Тоа значи дека земјата е во вкупен трошок од 16 отсто.

    – Не ја разбираме (целосно) распределбата на трошоците, но можеме да претпоставиме дека најмногу се работи за трошење на војската, 27 милијарди евра. Потоа во декември трошоците повторно пораснаа за два трилиони рубли – рече Софија Донец, економистка во руската инвестициска банка „Ренесанс Капитал“.

    – Ако просечната цена на Урал е 60 долари за барел, а државните трошоци останат исти, Русија ќе се соочи со дефицит од приближно 4,5 отсто од БДП – додава таа мислејќи на западните санкции до земјите Г20 и од ЕУ кои нафтата ја ограничија на оваа цена, иако Москва реагираше дека нема да им продава под тие услови.

    Изминатата година Русија имала дефицит од 2,3 отсто од својот БДП. Тоа е дупло од она што руските економисти го предвидувале. Годинава расходите ќе бидат поголеми. Во новата 2023 година тие ќе пораснат и ќе бидат колку цела третина од сите расходи за изминатата 2022 година.
    – Ограничувањата на цената на руската нафта ја чинат Москва 172 милиони долари дневно – објаснува Лаури Миливирт, водечка аналитичарка од Центарот за истражување на енергија и чист воздух (ЦРЕА), пренесува Блумберг.

    ЦРЕА порача дека Европската унија треба да изврши дополнителен притисок врз Москва и да ја ограничи цената на барел руска нафта меѓу 25 и 35 долари. Сегашната граница е 60 долари. Овој потег би ги намалил дневните приходи од руската нафта за уште најмалку 100 милиони евра. Идејата е дека на крајот Русија би имала нула профит од нафтата.

    Потоа, Москва би можела да се обиде да стави крај на загубите со самоволно намалување на залихите и со тоа да ја зголеми цената на барелот нафта на светските берзи. Meѓутоа, помалку произведена нафта во оптег значи и помалку профит за тој што ја продава.

    Досега Русија извезла 3,1 милијарди евра сурова нафта по ограничена цена, а најголемиот дел од тие пари ги оданочувал Кремљ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img