More

    Војната е товар за Путин, во Нагорно Карабах живеат Ерменци

    spot_img

    Конфликтот меѓу Азебејџан и Ерменија може индиректно да влијае на војната во Украина. Тој претставува товар за Владимир Путин кој во 2020 година испрати илјадници свои војници за да ги брани Ерменците кои се мнозински народ во Нагорно Карабах, спорниот регион кој де факто му припаѓа на Азербејџан. За што точно се караат овие две земји па не можат да го сопрат огнот без разлика што вчера рано наутро беше објавено дека бил договорен прекин. Најмалку 49 лица загинаа во она што може да биде долга замрзната војна.

    „Целата одговорност за ситуацијата е на воено-политичкото раководство на Ерменија“, се вели во соопштението на Министерстовото за одбрана на Азебејџан додека ерменското министерство рече „непријателот се обидува да напредува“.

    За што е конфликтот?

    Иако борбите сега се водат во пограничните региони, конфликтот во основа е фокусиран околу регионот Нагорно-Карабах. Областа припаѓа на Азербејџан, но претежно е населена со Ерменци.

    Ерменците и Азербејџанците се натпреваруваат за оваа област од почетокот на 20 век. Кога Советскиот Сојуз се распадна на крајот на векот, ерменските сили обезбедија контрола врз областа во војната од 1992 до 1994 година и окупираа големи делови од Азербејџан. Во 2020 година, Азербејџан ги врати териториите и зазеде стратешки важни точки во Нагорно-Карабах. Најмалку 6.500 луѓе загинаа во борбите таа година. Шестнеделните борби завршија со договор за прекин на огнот со посредство на Русија.

    Во април 2022 година, Ерменија и Азербејџан објавија дека сакаат да преговараат за мировен договор за Нагорно-Карабах со посредство на ЕУ. Според Ерменците, треба да се формира комисија која ќе се занимава со прашања за безбедност и стабилност долж границата. Во Ерменија, илјадници луѓе протестираа против можните отстапки за Азербејџан.

     

    Можен ли е прекин на огнот?

    Беше објавено дека Азербејџан и Ерменија се договориле за прекин на огнот, кој треба да важи од 13 септември во 9 часот по локално време (7 часот по средноевропско време). Меѓутоа, азербејџанската новинска агенција Тренд известува дека прекинот на огнот траел само неколку минути. Ерменскиот премиер Пашинјан изјави во парламентот дека борбите продолжуваат.

    Западот загрижен, ЕУ подготвена да помогне

    Според неговиот кабинет, ерменскиот премиер Никол Пашинјан телефонски разговарал со американскиот државен секретар Антони Блинкен, со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. Тој повикува на „соодветна реакција од меѓународната заедница“ на активностите на Азербејџан.

    Според ерменски извори, Мишел кажал дека ЕУ е „подготвена да вложи напори за да спречи понатамошна ескалација“ и изјавил дека „нема алтернатива за мирот и стабилноста во регионот“.

    Ерменскиот министер за одбрана Сурен Папикјан изјави дека разговарал со неговиот руски колега Сергеј Шојгу. Двајцата „се договориле да ги преземат неопходните чекори за стабилизирање на ситуацијата“. Не е јасно што точно значи тоа. Москва ги повика двете земји да го почитуваат договорот за прекин на огнот. Ерменија е сојузник со Русија.

    Ерменија да престане со провокациите?

    Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Твитер напиша дека разговарал со својот азербејџански колега за „ерменските провокации“. „Ерменија треба да престане со провокациите и да се концентрира на мировните преговори и соработката со Азербејџан“, рече Чавушоглу. Азербејџан е сојузник со Турција.

    Германија и Азербејџан – немаше ли нешто?

    Во минатото, авторитарниот режим на Азербејџан се обиде да го полира својот имиџ и постојано се обидуваше да се доближи до германските политичари. Аферата со Азербејџан беше за лоби-мрежа за која се вели дека ја основал поранешниот државен секретар на ЦСУ, Едуард Линтнер. Пратеничката на ЦДУ, Карин Стренц, која во меѓувреме почина, наводно водела кампања за интересите на диктаторот Илхам Алиев. Политичарот на ЦДУ, Томас Бареис, исто така одржувал контакти со сомнителни политичари и лобисти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img