More

    Војната во Украина има големо индиректно влијание врз производствените процеси на компаниите од автомобилската индустрија во земјава

    spot_img

    Војната во Украина има големо индиректно влијание врз производствените процеси на компаниите од автомобилската индустрија во земјава, поради проблемот со испораката на компонентите и репроматеријалите кон клиентите во Европа, оцени претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, Виктор Мизо.

    Токму кризата во Украина, како што посочи тој за МИА, е причината и за намалување на обемот на работа или запирање на производството на голем дел од компаниите производители на автомобили во Европа. Компаниите Фолксфаген, Мерцедес, Порше, Ауди, Мини, се само дел од погодените во моментов.

    – Македонските компании, добавувачи за автомобилски компоненти се соочуваат со намален обем на работа, а со тоа и со потенцијално скратено работено време, односно намалување или оптимизирање на вработените и работните места преку упатување на принуден одмор или реорганизација на производството, рече Мизо, посочувајќи дека со зголемувањето на цената на струјата, нафтата, храната, гасот, транспортот…. драстично се зголемени и дополнителните трошоци – вели Мизо.

    Со почетокот на војната, тој нагласи, веднаш почнале проблемите со испорака на компоненти кои се произведуваат во Украина, како и суровини потребни за производство на делови од возилата кон клиентите во Европа. Дополнително, според Мизо, денешната ескалација на конфликтот во Западна Украина, каде што се лоцирани најголем дел од добавувачите од автомобилската индустрија, би предизвикало уште поголемо влијание на ланецот на добавувачи. Се осврна и на изјавата на извршниот директор на Фолксфаген Херберт Диес дека воената состојба ќе има поголеми економски влијанија од пандемијата.

    – Освен недостатокот на компоненти дополнително се зголемија и цените на многу репроматеријали, кои доаѓаат од тој регион и неизвесно е како и до кога ќе може да се увезуваат. Покачувањето на цената на енергенсите и постоечката инфлација може да предизвика намален обем на производство на компаниите, бидејќи компаниите од тој регион не се во можност да ги испорачаат овие компонентите – изјави Мизо.
    Шест од странските компании, кои имаат производствени процеси во земјава имаат и во Украина и сите тие на еден или друг начин се афектирани од војната. Германски, американски и јапонски компании од автомобилскиот сектор вработуваат над 60.000 луѓе во Украина и претежно произведуваат кабли, навлаки за седишта и електроника. Повеќето од компаниите се трудоинтензивни, а нивните производи се интегрален и важен дел од европскиот ланец на добавувачи.

    – Тоа не влијае на прозиводството во Македонија локално, но влијае индиректно на клиентите. Индиректно сме погодени, бидејќи ако ги нема компонентите кои се произведуваат во Украина за европскиот пазар, тоа возило не може да се склопи т.е. произведе и тогаш отпаѓа потребата и од нашите компоненти. Ова е дополнително нешто, кое ќе влијае и ќе ги ги чуствуваме последиците во претстојниот период. Зависно во кој дел од ланецот се лоцирани компаниите во Македонија и брзината на ефектот кон нив ќе биде побрз или бавен, појасни Мизо.

    Според него, сите сме во ситуација, да чекаме да видиме колку долго ќе трае војната и како ќе се одрази, се додека не се креира некаква рамнотежа.

    – Воената состојба, зголемената инфлација, намалениот економски сентимент, општата несигурност, како и запирањето на продажбата на рускиот пазар, каде заедно со украинскиот годишно се продаваат скоро два милиони нови автомобили, годинава драстично ќе ја намалат продажбата на нови возила во Европа, споредено со 2021, согласно првичните планови за опоравување. Многу компании веќе најавија повлекување на производството и продажбата од рускиот пазар – истакна Мизо.

    Компаниите од автомобилската индустрија се уште ги чуствуваат последиците од недостатокот на чипови, со кој се соочуваа минатата година, покажано преку падот на продажба на нови возила. Во јануари годинава беше забележано најниското ниво на продажба во Европа, откако се води статистика на ниво на Европската унија, а и февруарските бројки се oчекува да се помали од истиот месец лани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img