More

    Војната во Украина го врати проширувањето во преден план

    spot_img

    Искрено се надевам дека следната недела во Брисел, лидерите на Европската Унија конечно ќе го исполнат своето ветување од март 2020, кога Советот за општи работи едногласно донесе одлука во најбрз можен рок да почнат пристапните преговори со Северна Македонија, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателот на на Европскиот совет Шарл Мишел во Охрид.

    Шефот на државата смета дека посетата на Мишел  во овој, како што рече, турбулентен период за Европа и за светот, на само неколку дена пред јунскиот самит на ЕУ, укажува на потребата од координација на чекорите меѓу Балканот и Унијата во очи на нужноста од решителни и принципиелни одлуки.

    -Денес разговаравме за тоа дека со пролонгирање на македонските евроинтеграции се разнишува кредибилитетот на Европската Унија што истовремено значи и опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето од страна на земја членка кон земја кандидат за членство од билатерални причини не само што флагрантно го прекршува ветувањето за европска иднина на земјите од западниот Балкан, туку може и целосно да ја компромитира политиката на проширување и да прерасне во опасен преседан кој ќе стави крај на овој процес кој, инаку, со години беше сметан за најдобра надворешна политика на Унијата – истакна Пендаровски.

    Проектот за обединета Европа, според него, отсекогаш содржел и јасен геополитички аспект. Но во овие моменти на војна на континентот, рече тој, таа негова димензија е посебно нагласена.

    -Затоа, за опстанок на политиката на проширување на Европската Унија, неопходна е зголемена геополитичка одговорност особено кај земјите членки на ЕУ. Наспроти реалните разочарувања и заморот од чекањето за пробив на европскиот пат, за нашата посветеност, меѓу другото, најсилно зборуваат две работи: од една страна, нашето целосно, 100-процентно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и приклучување кон сите пакети на санкции кон Руската Федерација, а од друга – Европската Унија и понатаму е нашиот далеку најважен трговски партнер, обезбедувајќи поддршка и финансиска помош за спроведување на неопходните реформи. Остануваме во исчекување на заедничкиот состанок на лидерите на Европската Унија и на Западниот Балкан, кој ќе се одржи 23 јуни во Брисел, а за кој мојот денешен гостин исцрпно ме информираше – нагласи претседателот на државата.

    Истакна и дека секоја иницијатива која реално би придонела за откочување или забрзување на интеграцискиот процес е добредојдена.

    -Во тој контекст ја гледаме и најновата идеја за поголемо обединување меѓу нас, преку новата форма наречена Европска политичка заедница. Се разбира, таа заедница ја разбираме не како утешна награда или како компензација за членство, туку само како дополнителен инструмент кој ќе помогне за побрзи интеграции и поголемо единство во Европа – додаде Пендаровски.

    Шарл Мишел смета дека Македонија и Албанија треба што е можно поскоро да ги почнат преговорите со Европската унија, што е важно не само за двете земји туку и за целиот регион воопшто, особено во контекст на новите геополитички случувања. „Европската политичка заедница“, нагласува, не е алтернатива за проширувањето, туку процес кој ќе овозможи продлабочување и унапредување на соработката.

    -Војната во Украина отвори ново поглавје во европската историја и го стави проширувањето на ЕУ во преден план. Ќе упатам една јасна порака – ЕУ е цврсто посветена на вашит влез во Унијата. Почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да отпочне што е можно поскоро. Тоа е врвен приоритет и ги поддржуваме сите напори да се најде заедничко прифатливо решение за отвореното билатерално прашање со Бугарија. Јас сум навистина  вклучен со Франција и ЕУ да помогнеме да се придвижи овој процес нанапред и убеден сум дека ќе имаме позитивен развој многу брзо, што ќе биде секако многу важно за вашата земја и за целиот регион, рече тој.

    Мишел најави дека наредната недела ќе организира состанок на 27-те земји членки и земјите од Западен Балкан. Тоа, рече, е многу важно за ЕУ, и ќе биде можност да разговараат и да се координираат во, како што нагласи,  во клучен и критичен момент од историјата.

    -Сакаме и работиме да го одблокираме процесот за Северна Македонија и за Албанија. Не сум сигурен што ќе се случи на претстојниот состонок на Европскиот совет, но ќе направиме се да бидат преземени одлучувачки чекори – рече Мишел.

    Сметаме, доаде Мишел, дека ќе имаме попросперитетна иднина со земјите од Западен Балкан.

    -Има фрустрација и недоверба на двете страни. Време е да се делува. Војната во Украина го забрза процесот. Сакаме да го одблокираме процесот за Северна Македонија и Албанија. Многу е важно да се одржува темпото и да се биде активен во процесот – рече Мишел.

    Тој не сакаше да коментира кои ќе бидат заклучоците што ќе ги поднесе француското претседателство за состанокот на Европскиот совет, но посочи дека се работи да се најде решение.

    – Се надевам дека ќе биде постигнат договор во вистинска насока. Сакаме да посредуваме да се најде решение меѓу 27-те лидери. Го подготвуваме овој состанок и тоа значи дека мора да имаме одредено ниво на дискреција за да бидеме ефикасни – рече Мишел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img