More

    Волстрит благо порасна!

    spot_img

    На Волстрит во четвртокот берзанските индекси благо пораснаа, по два дена значителен пад, а тргувањето беше претпазливо затоа што инвеститорите стравуваат дека американската централна банка ќе биде поагресивна во борбата против инфлацијата од очекуваното.

    Dow Jones зајакна за 87 поени или 0,25 отсто, на 34.583 поени, додека S&P 500 порасна за 0,43 отсто на 4.500 поени, а индексот Nasdaq 0,06 отсто на 13.897 поени.

    Најголем дел од трговските индекси беа во негативна зона, а непосредно пред крајот на тргувањето влегоа во позитива, благодарение на растот на цените на акциите на технолошките гиганти како Тесла и Мајкрософт и фармацевтската компанија Фајзер.

    Инвеститорите се претпазливи бидејќи доаѓаат сигнали од Федералните резерви на САД дека агресивно ќе ја заостри монетарната политика за да ја ограничи инфлацијата, која во последните месеци беше на највисоко ниво во последните 40 години.

    Во март, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за прв пат од 2018 година, за 0,25 процентни поени, а веќе во мај најверојатно ќе ги зголеми за дополнителни 0,50 процентни поени.

    Записниците од неодамнешната седница на ФЕД покажаа дека може да има агресивни зголемувања на каматните стапки во наредните месеци и дека е постигнат начелен договор дека билансите на ФЕД, кои пораснаа за неколку илјади милијарди долари во борбата против кризата со корона , треба да се намали за 95 милијарди долари месечно.

    Сето ова покажува дека ФЕД е подготвен за поагресивен напад на инфлацијата од очекуваното, а заострувањето на монетарната политика би можело значително да го забави растот на најголемата светска економија, па дури, стравуваат инвеститорите, да предизвика и рецесија.

    Инвеститорите исто така се во дефанзива поради војната во Украина и новите западни санкции против Русија поради обвинувањата за воени злосторства против Украинците.

    „Не знаеме како ќе се реши ситуацијата во Украина и не знаеме колку агресивниот ФЕД ќе влијае на економијата. Затоа, пазарот е неизвесен “, вели Денис Дик, трговец во Bright Trading.

    Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи, со пад на цените на акциите. Лондонски FTSE индекс се намали за 0,47 отсто, на 7.551 поен, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,52 отсто, на 14.078 поени, а париски CAC 0,57 отсто, на 6.461 поен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img