More

    Воените вежби се подготовка за инвазија

    spot_img

    Воените вежби во водите околу Тајван, кинеската армија ги користи како подготовка за инвазија на осторовот, тврди тајванскиот министер за надворешни работи, Џозеф Ву.

    Тој денеска им се обрати на медиумите, објавувајќи дека со воени вежби започнаа и тајванските сили на одбрана, обвинувајќи го Пекинг за грубо кршење на меѓународното право.

    – Кина ги користи вежбите за да се подготви за инвазија на Тајван. Кинеската војска врши воени вежби од огромни размери со употреба на балистички ракети, сајбер-напади, пласирање на дезинформации и економски притисок, со цел да го ослабне моралот на Тајван – изјави министерот.

    Ву смета дека активностите на Кинеската армија(ПЛА) биле предизвикани од остварената посета на Тајван од страна претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, но тоа само ги забрзало подготовките на војската, а одлуката за инвазија одамна била донесена.

    – Вистинската намера на Кина е да го промени актуелниот однос на силите во регионот – вели министерот, кој додава дека Кина се обидува и да го прошири своето влијание во Жолтото и во Јужното Кинеско Море.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img