More

    ВМРО-Народна партија предлага од идната година политичките говори да бидат изоставени на Илинден, а во Крушево да има само културно – уметничка прослава

    spot_img

    ВМРО-Народна партија предлага од идната година политичките говори да бидат изоставени на Илинден, а во Крушево да има само културно – уметничка прослава со цел да се одбегнат „конфронтации и зголемување на внатрешната омраза помеѓу луѓето од различните политички структури“. Политичките говори да останат во рамките на претседателската резиденција, Пелинце или евентуално на некоја свечена академија, предлага ВМРО-НП.

    „Со цел да се надмине ова сквернавење на овој најголем македонски државен празник, ВМРО-Народна партија предлага, а се надеваме ќе добиеме согласност и поддршка и од другите политички структури за оваа идеја, од идната година политичките говори бидат изоставени, а во Крушево да има само културно – уметничка прослава на која се надеваме обединети ќе дојдат граѓаните од сите политички бои, а притоа политичкиот дел односно политичките говори да останат во рамките на претседателската резиденција, Пелинце или евентуално на некоја свечена академија“, се наведува во соопштението на ВМРО-НП.

    Оттаму велат дека со загриженост ги следеле последните настани од прославата на Илинден во Крушево, со кои овој голем македонски државен празик, како што велат, наместо да биде предмет на сплотување и заедништво се претвори во настан кој разединува, создава конфронтации и зголемување на внатрешната омраза помеѓу луѓето од различните политички структури.

    „Но очигледно ова не се случува само оваа година туку со децении наназад, ако го анализираме прославувањето на Илинден во Крушево очигледно од година во година се повторува истото непишано сценарио на поделби“, се додава во соопштението на ВМРО-НП.

    Партијата се надева дека ќе добие согласност и поддршка и од другите политички структури за оваа идеја и дека таа ќе биде добронамерно прифатена од сите политички субјекти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img