More

    ВМРО-ДПМНЕ: Стопанството е на колена

    spot_img

    Од наредниот месец, граѓаните ги очекува нов ценовен шок со најавеното драстично покачување на електричната енергија. Новите сметки за електрична енергија ќе бидат повисоки за над 20%. Со зголемувањето на струјата очекувана е зголемена инфлација која ќе удри директно по џебот на граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја, како и големи акцизи на горивата за полнење на Буџетот за да можат функционерите на СДСМ и ДУИ да крадат и луксузираат. Недомаќинското работење со енергетските капацитети со години допринесе Македонија да е увозно зависна на електрична енергија, неместо да произведува, а со тоа и да ја регулира високата цена на струјата на светските берзи – се вели во партиското соопштение.

    Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека глави причини за растот на цената на струјата се тендерите во 4 очи во РЕК Битоала, негрижата и отсуството на модернизација на енергетските капацитети, хавариите кои се случија изминативе 5 години, како и празнењето на вештачките акумулации.

    – Стопанство во државата е на колена, а најавеното ново покачување на струјата додатно ќе ја ослабе и така урнисаната економија во државата. Секој ден стотици граѓани остануваат без работа, а над 450 илјади луѓе живеат на раб на сиромаштија. Додека кризата го јаде стандародот на граѓаните, власта останува глува на барањата на работниците за зголемување на платите – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img