More

    ВМРО – ДПМНЕ: Наставник во основно да има плата од 45.054 денари

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ со амандман ќе бара усогласување на платите во јавниот сектор, т.е. нивно скалесто зголемување во однос на минималната, соопшти и денеска партијата.

    Од партијата сметаат дека преку износот на минималнатап лата власта спорведува само  гол популизам, без да мисли за граѓаните во целост и воопшто не ги почитува колективните договори кои се склучени помеѓу работниците и институциите

    „ВМРО-ДПМНЕ бара износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата. Согласно предлог амандманот кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ наставник кој што има коефициент 2.503, и досега земаат нето плата од 24.782 денари, би требало да земаат нето плата од 45.054 денари. Истото тоа го предлагаме и за средните училишта, односно професорите наместо сегашните 25.838 денари нето плата би требало да земаат 45.594 денари“, стои во соопштението.

    ВМРО-ДПМНЕ за овој свој предлог бара поддршка од останатите политички партии, синдикатите и работниците, бидејќи само преку реални мерки и покачувања за сите може да им помогне на граѓаните да излезат од сиромаштијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img