More

    ВМРО-ДПМНЕ е за кратење на даноци за да може бизнисите да се развиваат

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ е за кратење на даноци за да може бизнисите да се развиваат, одговори потпретседателот на партијата Александар Николоски, на новинарско прашање при посетата на Прилеп во рамки одбележувањето на 21 година од погибието на 10-те армиски припадници кај Карпалак.

    Николоски нагласи дека зголемувањето на даноците е дополнителен удар за граѓаните имајќи предвид дека доаѓа грејна сезона, цените на енергенсите растат, а власта ништо не презема.

    – Тоа е лоша работа, некако се избегнува темата што ќе се случува во Македонија во есента и зимата, кои ќе дојдат побрзо од што мислиме. Грејна сезона почнува некаде за два месеца од денес. Ситуацијата е катастрофална, цените на енергенсите одат високо и ништо не се прави од страна на власта да се ублажи тој удар. Дополнително затоа што буџетот е празен заради лоши економски политики и заради криминал и корупција, го прават најлошото можно, а тоа е да се удри по џебот на граѓаните и на претпријатијата, односно да се зголемат даноците – изјави Николоски.

    Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е против тоа и дека бизнисот треба има ниски даноци за да може да се развива и да отвора нови работни места.

    – ВМРО-ДПМНЕ е за ниски даноци и не само што е против зголемување на даноци, туку е и за кратење на постојните даноци затоа што сметаме дека најдобар начин да се развива бизнисот е да му се остави слобода, рамен терен за игра и да има ниско оданочување како би можеле средствата да се употребуваат за развој за нови производи и за нови работни места – рече Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img