More

    ВМРО-ДПМНЕ: Да не крадеше владата со 900 милиони евра ќе се изградеше автопат од 200 километри

    spot_img

    Да не крадеше СДСМ сега со 900 милиони евра наместо за ликвидност на буџетот, ќе се направеа автопат од Велес преку Прилеп до Битола и од Гостивар до Кичево, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

    Според партијата владата на Димитар Ковачевски ја краде иднината и на неродените.

    – 900 милиони евра се доволни за 3 автопати, а се трошат за покривање загубите на СДСМ. 900 милиони евра колку што владата ќе се задолжи за овозможување на буџетска ликвидност се пари со кои можеа да се направат над 200 километри автопат. Со 900 милиони евра кои Ковачевски ги троши за покривање на својата неспособност ќе имаше автопат од Велес, преку Прилеп до Битола, и втор автопат од Гостивар до Кичево или од Штип до Струмица – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму додаваат дека со оваа влада нема да се изгради ниту еден автопат.

    – Автопат со Ковачевски нема зошто СДСМ наместо да работи крадеше и несовесно се однесуваше со буџетот, па потроши стотици милиони на матни тендери во РЕК, на тендерите на Рашковски, договорите во четири очи на Мухамед Зекири, диловите на Филипче и Дончев, бизнисите на Заеви. Криминалот на СДСМ сега не чини сите нас, граѓаните на Македонија 900 милиони евра, кои наместо на над 200 километри автопат одат на покривање на расипништвото на СДСМ – велат од партијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img