More

    ВМРО ДПМНЕ : Власта за само 3 години секој граѓанин го задолжи со нови 1.250 евра

    spot_img

    Граѓаните во Република Македонија повторно ќе ги преживуваат истите слики и случувања од 90-тите години на минатиот век. Зголемена инфлација, високи цени на основни прехранбени продукти, а ниски примања. Се поголема е сиромаштијата во Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ.

    – Инфлацијата целосно го изеде стандардот на граѓаните, а власта со прст не мрдна за зголемување на куповната моќ кај населението. Единствено што знае оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е целосен грабеж преку тендери и трошење за непродуктивни работи. Додека се луксузираат со парите на граѓаните, не видовме ниту еден капитален проект завршен од оваа најнеспособна власт – се вели во соопштението од опозицијата.

    Оттаму додаваа затоа што нема капитални инвестиции, БДП на државата за почетокот на оваа година е најниско во регионот и дека владата на Ковачевски реши повторно да ја задолжи државата.

    – За последните две години криминалците од „Илинденска“ ја задолжија Македонија за над 1.6 милијарди евра, а со новото задолжување оваа власт ќе ги задолжи граѓаните за 2.3 милијарди евра и со тоа јавниот долг на државата ќе изнесува над 7.9 милијарди евра. Под превезот на кризите власта за само 3 години го задолжи секој граѓанин за нови 1.250 евра Економијата во државата е целосно урнисана заради најнеспособната власт која ја имала Македонија од осамостојувањето до денес. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори за излез од оваа економска криза во која не втурнаа СДСМ и ДУИ – се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img