More

    ВМРО-ДПМНЕ: Власта го одби предлогот на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ за намалување на акцизата кај горивата за 50%

    spot_img

    Власта го одби предлогот на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ за намалување на акцизата кај горивата за 50%, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.

    – Власта одби дизел горивото да поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари. Вчера, ова пред целата македонска јавност ни беше соопштено од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими. Тие безочно лажат кога велат дека водат политика која подразбира парите да се враќаат кај граѓаните. Она што де-факто се случува е државен грабеж кон секој еден граѓанин во македонското општество.
    Акцизата за бензините изнесува 22 денари, а ДДВ плаќаме 13 денари. Тоа се 35 денари по литар бензин давачки кон државата. Акцизата за дизел горивото изнесува 15,5 денари, а ДДВ плаќаме 11,5 денари. Тоа се 27 денари по литар дизел гориво кон државата.

    – Во време на криза, во време на четири кризни состојби во Република Македонија и дополнителна инфлациска криза во најава, ова претставува вистински грабеж од страна на власта кон граѓаните и стопанството – додава Пренџов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img