More

    Влеговме како ПЈРМ, сега сме Северна

    spot_img

    Денеска се навршуваат 29 години од приемот на Македонија во Обединетите нации (ОН). На 8 април во 1993 година, земјава со акламација во Генералното собрание на ОН, стана 181 полноправна членка на Светската организација.

    Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифати тогашното уставно име Република Македонија, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ).

    Со приемот во ОН се потврди меѓународно правниот субјективитет на земјава 19 месеци по референдумот на 8 септември во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за независна, самостојна и суверена држава. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 17 септември во 1991 во Собранито.

    Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември во 1991 година, кој десет години подоцна беше надополнет заклучоците од Рамковниот договор кој произлезе по конфликтот во 2001 година.

    По долгогодишниот спор за името, со посредство на ОН беше постигнат Преспанскиот договор што резултираше со промена на уставното.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img