More

    Владика Пимен-Мина месец дена од благата вест кога Цариградскиот Патријарх Вартоломеј ни соопшти дека се враќаме во евхаристиско единство со сиот православен свет. И почнаа прашањата, сомнежите, анализите…

    spot_img

    „Мина месец дена од благата вест кога Цариградскиот Патријарх Вартоломеј ни соопшти дека се враќаме во евхаристиско единство со сиот православен свет. И почнаа прашањата, сомнежите, анализите…
    Набргу потоа Патријархот Српски Порфириј, на првото сослужување со нашиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, рече дека сме историски сведоци на чудо. Чудо кое, побрзо од било кој што очекуваше наше признавање, наше добивање на автокефалност, се случи.
    Чудото се случи и веќе функционира и ги дава своите плодови.
    Но, со чудото се роди и нешто чудно.
    Е да, тоа е чудното во Црквата, кога малкумина прашуваат кога почнува литургијата, како да постам, кога да се причестам, кога бараат да се помолиш за нив, кога бараат црковна литература за растење во верата, кога малкумина го знаат наизуст Оче Наш или Верувам, а во истовреме кога сите знаат од кај требало да стигне Томосот за автокефалност, како требало владиците да преговараат, кој Томос е вистински а кој лажен, кој ни копа граб за да го изгубиме идентитетот и црквата како сме ја однародиле, кој треба да оди Цариград, а кој Белград, кој е заслужен за признавањето а кој бил безумен и предавник, кое име треба да го носиме како Црква Христова Македонска или Охридска, како ќе ја подариме дијаспората на Фанар….
    Немојте браќа чудото да падне во сенка на чудното. Повкусни и поблагодатни се плодовите од чудото, отколку меѓусебното јадење, верувајте.
    Наместо постојано да прашувате, молете се постојано, и ќе видите како лично Господ Бог ќе ви ја открие тајната на заедничарењето.
    Сѐ што се случува е прашање на вера, а не човечко мудрување и анализирање.
    Имајте го ова на ум.
    Секое добро од Бога Вознесениот и фала Му и слава Му за сѐ!“,ќе објави на својот Фејсбук статус неговото блаженство Владика Пимен

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img