More

    Владиката Тимотеј тврди дека секоја епархија си крои сопствен тарифник

    spot_img

    Засега на ниво на црквата не сме разговарале за генерално покачување на цените на црковните услуги, вели во изјава за „Нова Македонија“, митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, откако минатата недела се појави информацијата дека преспанско-пелагониската епархија има нов ценовник.

    – Црквата ги следи тековите на општествениот живот во земјата. Ако економијата оди во одредена насока, не е исклучено и да се покачат цените на услугите што ги дава и црквата. Сепак, секоја епархија има надлежност да прави промени во финансиското работење и да има свој тарифник – објаснува тој.

    Според ценовникот на скопската епархија, на пример, крштевката чини 4.000 денари, од кои половина ги плаќа кумот, а половина родителите на детето што се крштева.

    За венчавка со еден свештеник се наплаќа 6.000 денари, а доколку свечениот чин го извршуваат тројца свештеници, се плаќа 7.000 денари. Наплатата се дели на четири дела, односно на кумот, на старосватот и на родителите на невестата и младоженецот.

    Опелото за погреб чини 3.000 денари.

    За потенцирање е дека свештениците не им наплаќаат услуги на граѓаните од социјално загрозените категории, како и на оние семејства што имаат повеќе деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img