More

    Владата се пофали дека има 100.000 следбеници на Фејсбук

    spot_img

    Владата се пофали дека стекнала 100.000 следбеници на официјалниот профил на Фејсбук на кој се објавуваат информации за разни активности на премиерот, министрите, како и одлуките на владините седници.

    „Социјалните медиумски платформи како што е Фејсбук станаа едни од основните канали за секојдневно информирање на граѓаните. Влогот во градењето отворен однос на Владата кон граѓаните денес резултира со значајно заокружување – 100.000 следбеници кои се приклучија да ги добиваат информациите за услугите и за работата на институциите директно од Фејсбук страницата на Владата. Владата им благодари на сите граѓани кои ги следат јавните информации од институциите и кои на овој начин изразуваат доверба кон владините комуникации“, се наведува во објавата на Владата на Фејсбук.

    Оттаму наведуваат дека продолжуваат, во партнерство со граѓаните, да градат отворени институции кои се отчетни, достапни и респонзивни и кои работат исклучиво за интересот на граѓаните.

    Владата на Северна Македонија од 2017 година наваму постојано и темелно ја зголемува транспарентноста и отвореноста, создава и одржува современи канали за комуникација со граѓаните и работи на зголемување на довербата од јавноста кон институциите. Доближувањето на јавните сервиси и информации до најзасегнатите, значи и создавање современи канали за комуникација преку сите платформи кои граѓаните ги користат“, се додава во објавата на Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img