More

    Владата работи на решение што ќе биде во интерес на сите

    spot_img

    Владата со целиот свој капацитет е насочена кон решение на отворените прашања со Република Бугарија. Работните групи во двете држави работат според утврдениот план и тоа е начин преку целосна посветеност да се одржува динамиката во процесот, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.

    Ставот на Владата, како што нагласи, е јасен и повеќепати кажан дека тогаш кога ќе се постигнат решенија прифатливи за двете страни ќе бидат презентирани пред надлежните институции.

    – Во исто време нашите позиции се кристално чисти и јасни и од тоа нема отстапка. Нема и не се преговара за јазикот и за идентитетот. Впрочем, тие позиции заеднички ги потврдија сите политички партии во Собранието. Граѓаните треба да се убедени дека Владата работи на решение кое што ќе биде во интерес на сите. Силно веруваме дека искрениот дијалог е најдобриот и најсигурен начин за успех и демонстрација на европски манири во регионот – порача Арсовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img