More

    Владата на Германија планира да ги укине епидемиолошките правила во текот на летото

    spot_img

    Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска изјави дека Владата планира да ги укине епидемиолошките правила во текот на летото, според кои на патниците за влез во Германија им треба потврда за вакцинација против ковид-19, негативен резултат од тестот или доказ за прележан ковид-19.

    Лаутербах за медиумската група „Функе“ изјави дека правилата што важат за сите постари од 12 години, без оглед од каде доаѓаат во Германија, ќе бидат суспендирани од 1 јуни до крајот на август.

    Од почетокот на март Германија повеќе нема список на „зони со висок ризик“. Бројот на нови случаи на коронавирус во Германија постојано се намалува, а повеќето рестриктивни мерки се укинати. Сепак, Владата најави дека ќе обезбеди дополнителни 830 милиони евра за набавка на вакцини кои ќе помогнат да се сузбијат можните варијанти на коронавирусот наесен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img